Дописници МКДОпштински вести

Во Делчево закажана првата работилница во рамки на проектот ,,Наш град”

Во Делчево закажана првата работилница во рамки на проектот ,,Наш град" кој го организираат Центарот за инклузивен развој Скопје (КАЖИ КОГА) и Регионалниот центар за застапување од Делчево. Еднодневната работилница како што информираат организаторите е дел од информативно-едукативната сесија посветена на јавните простори и улогата на жителите и општините во нивното планирање, одржување и трансформација.

Делчево, 18 ноември 2021 (МИА) – Во Делчево закажана првата работилница во рамки на проектот ,,Наш град” кој го организираат Центарот за инклузивен развој Скопје (КАЖИ КОГА) и Регионалниот центар за застапување од Делчево. Еднодневната работилница како што информираат организаторите е дел од информативно-едукативната сесија посветена на јавните простори и улогата на жителите и општините во нивното планирање, одржување и трансформација.

-Работилницата ќе се одржи овој петок (19.11.2021) со почеток во 11:30 часот и е наменета за жителите на општина Делчево, како и за сите оние чие привремено живеалиште е лоцирано во градот. Целта на работилницата е учесниците да се запознаат со основите на концептот “Placemaking”, односно, обликување и трансформирање на јавните простори заради зајакнување на врската помеѓу луѓето и општествениот простор кој го делат со останатите свои соседи, сожители, минувачи, истакнаа организаторите.

Дополнително како што додадоа, преку дискусија, размена на лични искуства и мислења, учесниците во рамки на работилницата ќе имаат за цел да ги мапираат запуштените простори кои според нив со малку труд можат да бидат разубавени. Дополнително целта е да се  идентификуваат клучните проблеми со јавните простори во нивното соседство, маало, општина, а кои ги засегаат лично нив, нивните деца, пензионерите или било која категорија на граѓани.

-Мислењата, препораките и заклучоците од работилницата треба да послужат како предлог-мапа за поубави населби и маала, кој ќе се презентира пред двете општини, додадоа организаторите.

Поради мерките за заштита од Ковид-19 работилницата ќе вклучува група од 20 луѓе кои задолжително треба да поседуваат сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид.вс/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close