Дописници МКДОпштински вести

Во Дебар се гради прво детско игралиште

Во тек на реализација е уште еден значаен проект на локалната власт на Дебар, кој му недостигаше на градот а е наменет се најмладите. Станува збор за супер-модерно детско игралиште, кое ќе биде прво во градот.

Дебар, 20 септември 2021 (МИА) – Во тек на реализација е уште еден значаен проект на локалната власт на Дебар, кој му недостигаше на градот а е наменет се најмладите. Станува збор за супер-модерно детско игралиште, кое ќе биде прво во градот.  

Зафаќа површина од околу 500 квадратни метри и содржи повеќе реквизити, како што се групна и осцилторна нишалка, вртелешка, голема лизгалка, клацкалки, како и други реквизити. 

-Како локална власт, оценивме дека изградбата на детско игралиште беше повеќе од неопходно. Одредивме локација во спортскиот полигон што е во непосредна близина на општинското основно училиште „Пенестија“. Откако го подготвивме теренот сега во тек е поставување на реквизитите, изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука. 

На овој начин, додава, се создаваат посоодветни услови за децата и посакува да има секогаш радост, среќа и детски џагор на ова место.  

Средствата за изградба на детското гралиште, во износ од пет милиони денари се целосно обезбедени од буџетот на општината. 

 Работите ги изведува фирмата „Стентон градба“ од Битола, која како најповолен понудувач е избрана на тендер. вт/са/

Back to top button
Close
Close