Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во Дебар само едно дете суројчар, во Река три дечиња

Деветгодишниот Давид Блажевски годинава беше единственото дете кое ја продолжи традицијата на суројчари во Дебар по повод Православна нова година, каде поради се помалиот број православни жители почнаа да гаснат многу традиции.

Дебар, 14 јануари 2022 (МИА) – Деветгодишниот Давид Блажевски годинава беше единственото дете кое ја продолжи традицијата на суројчари во Дебар по повод Православна нова година, каде поради се помалиот број православни жители почнаа да гаснат многу традиции.

– Се нетрпение ја очекува Василица. Како што е редот му направив суројца во форма на крст, составена од страк од лозница, гранчиња од леска, дрен, даб и босилек заврзани со црвен конец, вели Лилјана Блажевска, мајка на Давид.

Како што налага традицијата, тој, посети поголем дел од православните домови и посака повесела и побериќетна година, а тие го даруваа со пари и благо.

Според повозрасните дебрани, кога на овие простори живееле поголем број православни жители, само во градот имало по повеќе од десет групи, составени од по десеттина деца, последните години оваа традиција ја продолжуваа најмногу две групи, од по четири до пет деца.

Претходната година во градот беше само една група составена од шест деца, лани суројчари беа само две, а годинава едно дете.

Традицијата на суројчари во Река ја продолжја братчињата Марко и Лука од село Велебрдо и Ѓорѓи по потекло од ова село, живее во Скопје, а за зимскиот распуст е кај неговите баба и дедо.вт/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close