Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Во Дебар помеѓу складиран градежен материјал пронајдено оржје, муниција и марихуана

Полициските службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи, помеѓу скадран градежен материјал пронашле оружје, муниција и марихуана.

Дебар, 3 декември 2021(МИА) – Полициските службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи, помеѓу скадран градежен материјал пронашле оружје, муниција и марихуана.

– Вчера околу 14 часот,  помеѓу складиран градежен материјал на улицата „Црн Дрим“ во Дебар, по претходна пријава, полициските службеници пронајдоа една автоматска пушка, една рамка за автоматска пушка со 30 куршуми, една рамка за пиштол со 15 куршуми и една ќеса со марихуана, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека предметите се одземени и обезбедени за натамошна постапка и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот. вт /цр

Таг
Back to top button
Close
Close