Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во две гевгелиски училишта изведена едукативна сообраќајна настава

Во подрачните училишта во селата Богородица и Мрзенци,на ОУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот организираше едукативни активности во рамки на кампањата ,,Правила за малите пешаци“, поддржана од МВР.

Гевгелија,18 мај 2022 (МИА) – Во подрачните училишта во селата Богородица и Мрзенци,на ОУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот организираше едукативни активности во рамки на кампањата ,,Правила за малите пешаци“, поддржана од МВР.

На децата, покрај останатите активности, им беше поделен и едукативен материјал со содржини од безбедноста во сообраќајот за најмладите негови учесници, затоа што нивната безбедност подразбира токму нивно едуцирање за основните правила и прописи и тоа уште од најраната возраст.

– Првите форми на едукација почнуваат во рамки на семејството,а потоа продолжуваат во градинките,училиштата и вон нив.Токму децата е најзагрозената категорија на учесници во сообраќајот и затоа треба да им се помогне,пред се со едукација,оти децата на ја познаваат доволно улицата ниту пак опасностите што таа ги носи,велат од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од Гевгелија. им/цр

Таг
Back to top button
Close
Close