Дописници МКДОпштество

Во Гостивар со скокање со јаже заврши Европската недела на спортот

Со учество на над 300 деца и граѓани вчера на градскиот плоштад, беше организирана завршната активност на „Европската недела на спорот“ во општина Гостивар. Под мотото BeActiv (Биди активен) ученици од повеќе од основните училишта ги покажаа вештините во скокање со јаже.

Гостивар, 1 октомври 2022  (МИА) – Со учество на над 300 деца и граѓани вчера на градскиот плоштад, беше организирана завршната активност на „Европската недела на спорот“ во општина Гостивар. Под мотото BeActiv (Биди активен) ученици од повеќе од основните училишта ги покажаа вештините во скокање со јаже.

– Главната цел на овој настан е да ги поттикне децата што повеќе да спортуваат, бидејќи само така ќе успееме да имаме здрава нација со здрави спортски навики, рече Амир Биљали, заменик директор на Агенцијата за млади и спорт.

Овој проект се реализираше во 40 општини со различни рекреативни и спортски настани, како групно скокање со јаже, велосипедски трки, ноќно качување на Водно, кросфит активности и турнир во кошарка кои во рамки на Европската недела на спортот се одвиваа од 23 до 30 септември.

Проектот „Европска недела на спортот“ е финансиран од Европската Унија и има за цел да ја подигне свеста кај децата за бавење со спорт и рекреација од најмала возраст.згм/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close