Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во Горно Јаболчиште ќе се гради обиколница

Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски и  директорот на Центар за развој на Вардарски плански регион, Сашо Мошев, потпишаа договор за изградба на обиколница во село Горно Јаболчиште.

Велес, 27 ноември 2022 (МИА) – Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски и  директорот на Центар за развој на Вардарски плански регион, Сашо Мошев, потпишаа договор за изградба на обиколница во село Горно Јаболчиште.

Како што информира денеска градоначалникот Стојановски, договорот е дел од проектот „Развој и унапредување на патната инфраструктура за поголема безбедност на патишта”.

Тој појаснува дека средствата за оваа намена, во висина од 6.794.000 денари, се обезбедени преку Бирото за регионален развој, а Општина Чашка учествува со сопствени средства во износ од 572.547 денари.

– По потпишување на договорот, следува почеток на тендерската постапка за избор на изведувач на градежните активности. Градиме по план, обезбедуваме квалитетна инфраструктура за сите жители во Општина Чашка, потенцира Стојановски. ад/цр

 

Таг
Back to top button
Close
Close