Дописници МКДОпштински вести

Во Гевгелија ќе се урбанизира површина од 35 хектари

По подолго време општина Гевгелија ќе донесе детален урбанистички план за урбаниот блок 16 во градската периферија со што ќе им овозможи на заинтересираните инвеститори да ги реализираат своите проекти за станбени и туристичко-трговски капацитети.

Гевгелија, 27 јануари 2022 (МИА) – По подолго време општина Гевгелија ќе донесе детален урбанистички план за урбаниот блок 16 во градската периферија со што ќе им овозможи на заинтересираните инвеститори да ги реализираат своите проекти за станбени и туристичко-трговски капацитети.

-Ова е еден од поатрактивните урбани блокови кој се наоѓа на просторот преку пат на новата станбена населба ,,Мрзенски рид, каде ќе се инсталира комунална инфраструктура и ќе се урбанизираат катастарски парцели на површина од 35,11 хектари за изградба на индивидуални станбени куќи, колективни згради, трговски и хотелски капацитети и мали објекти за комерцијална намена, велат од Секторот за урбанизам на Општина Гевгелија.

Покрај овој ДУП, од Општината најавија дека пред советниците наскоро ќе се најдат на усвојување и други урбанистички планови кои долго чекаат согласност со што би се создале услови не само за урбанизирање на просторот,туку и за нови инвестициски вложувања од заеднички интерес за сопствениците и градот. им/мч/

Back to top button
Close
Close