Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во Гевгелија недоволен одѕивот за прием на трета доза од вакцината против Ковид-19

Според последните податоци од вакциналниот пункт во Општата болница во Гевгелија, бројот на имунизирани лица со две дози од анти ковид вакцините изнесува околу 13000 граѓани, а според вакцинираните со прва доза, со процент од над 65 отсто, Гевгелија се наоѓа меѓу првите три града во земјава, информираат од болницата.

Гевгелија, 7 декември 2021 (МИА) – Според последните податоци од вакциналниот пункт во Општата болница во Гевгелија, бројот на имунизирани лица со две дози од анти ковид вакцините изнесува околу 13000 граѓани, а според вакцинираните со прва доза, со процент од над 65 отсто, Гевгелија се наоѓа меѓу првите три града во земјава, информираат од болницата.

Сепак, со третата, таканаречена „бустер“ доза против ковидот се вакцинирале само 2 000 гевгеличани што сметаат од болницата дека претставува недоволен број поради што повторно упатија апел до граѓаните да се вакцинираат.

-Вакцините се безбедни, ефикасни и единствен начин да се победи пандемијата оти само со комплетна вакцинација се намалува шансата за заболување и се спречува хоспитализација со тешка форма на болеста, посочуваат од гевгелиската болница.

Истовремено во Подрачната единица на Центарот за јавно здравје тече и вакцинирањето против сезонскиот грип. Епидемиологот Сашко Олумчев потврди дека против сезонскиот грип вакцина примиле 1026 граѓани или двојно повеќе споредено со истиот период лани и дека до сега нема регистрирано ниту едно лице заболено од грип на територијата на Општина Гевгелија. им/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close