Дописници МКДОпштински вести

Во Велес ќе биде направен патен премин преку пруга со гумени елементи

Првиот патен премин со гумени елементи преку железничка пруга во државата ќе биде изведен во Велес од специјализирана хрватска компанија, најави на последната прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Велес, 20 септември 2021 (МИА) – Првиот патен премин со гумени елементи преку железничка пруга во државата ќе биде изведен во Велес од специјализирана хрватска компанија, најави на последната прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Станува збор за гумени елементи изработени од рециклирана гума кои ќе бидат поставени на пругата, пред поранешната фабрика „Ќиро Ќучук“. Работите ќе се изведуваат оваа среда, кога се очекува сообраќајот на таа сообраќајница да биде во прекин 48 часови и да се пренасочи на улицата „Луј Пастер“ што води покрај самата пруга во населбата Керамидна.

Коцевски, најави дека по овој, следно е планиран преминот во населбата  Речани, на железничката пруга која води кон Кочани.

– Се надевам дека ова ќе биде убав пример и дека сите шест-седум патни премини преку железничката пруга кои се предвидени во Велес ќе бидат изведени во наредниот период и со тоа значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот, појасни Коцевски.

Овој проект Општина Велес го реализира во партнерство со ЈП „Македонски железници“ за што обезбеди и дел од финансиските средства. Вработени во МЖ веќе ги направиле подготвителните градежни активности, а покрај пругата пред преминот поставени се и два нови сообраќајни знаци. ад/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close