Дописници МКДОпштински вести

Во Велес се подготвува ноќна атлетска трка за Денот на градот

Општина Велес заедно со иницијатори, граѓани и атлетичари подготвуваат одржување на  ноќна атлетска трка со која ќе се одбележи 9 ноември, Денот на градот.

Велес , 4 ноември 2021(МИА) – Општина Велес заедно со иницијатори, граѓани и атлетичари подготвуваат одржување на ноќна атлетска трка со која ќе се одбележи 9 ноември, Денот на градот.

Организаторите најавуваат дека на атлетската трка се очекува да учествуваат околу 200 учесници од цела држава, кои ќе трчаат на пет и на 10 километри.

Стартот на трката е пред ООУ „Васил Главинов“, со почеток во 19 часот, а атлетичарите ќе трчаат околу основното училиште.

Организаторите информираат дека атлетската трка е од хуманитарен карактер, односно ќе се собираат донации во финансиски средства во соработка со Општинската организација на Црвен Крст.

-За кого ќе биде наменета донацијата, ќе се утврдува по завршувањето на атлетската трка, велат од Општина Велес.ад/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close