Дописници МКДОпштински вести

Во Велес регионален саем на социјални претпријатија од Вардарскиот регион

Во рамки на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ и Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија, поддржан од Европската Унија, денеска на плоштадот во центарот на Велес се одржа Регионалниот саем на социјални претпријатија од Вардарскиот регион. Своите производи и услуги ги презентираа и понудија 16 социјални претпријатија и граѓански организации од неколку града од Вардарскиот плански регион, кои се занимаваат со некоја економска активност.

Велес, 12 ноември 2021(МИА) – Во рамки на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ и Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија, поддржан од Европската Унија, денеска на плоштадот во центарот на Велес се одржа Регионалниот саем на социјални претпријатија од Вардарскиот регион. Своите производи и услуги ги презентираа и понудија 16 социјални претпријатија и граѓански организации од неколку града од Вардарскиот плански регион, кои се занимаваат со некоја економска активност.

Барбара Садовска, тим лидер на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, организатор на саемот и претседателка на Фондацијата „Барка“ од Полска потенцира дека отворањето на овој саем е уникатен настан каде што заедницата на социјални и солидарни претпријатија и граѓански организации имаат можност да се претстават пред општините, академската заедница, студентите и граѓаните со цел да го покажат својот пристап во решавање на социјалните проблеми и да ги претстават своите услуги и производи. Таа претстави неколку полски искуства.

– Социјалното претприемништво и добрите практики во Полска и во многу други земји покажаа дека овој модел е многу корисен и ефикасен во социјалната реинтеграција и вработување на ранливите групи граѓани. Социјалните претпријатија се можност повторно се подобрат нивните животни услови и да изградат чувство на припадност и корисност, потенцира Садовска.

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев во своето обраќање до присутните информираше дека веќе го има првиот правен документ во нашата земја којшто заедно и со Акцискиот план за развој на социјалното претприемништво во земјава ќе се стреми кон усвојување на закон, што ќе даде дополнителна тежина кон препознавање, видливост и финансиска поддршка на социјалните претпријатија.

– Посебно сум задоволен што во регионот постојат иницијативи за социјални претпријатија, коишто имаат силна социјална мисија и ги промовираат нивните високо-квалитетни услуги и производи, истовремено обезбедувајќи одржливо решение за ранливите категории граѓани, истакна Колев.

Саемот е дел од серијата промотивни настани за социјалните претпријатија кои ќе се одржат во повеќе региони во земјава, а се организираат во рамките на Глобалната Недела на претприемништво, во соработка со Х Фактор Акцелератор од Велес. Следниот Саем е закажан на 19 ноември пред куќата на Мајка Тереза во Скопје. ад/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close