Посетете ја новата веб страна на МИА
0_Македонија.ПорталДописници МКДМКДОпштински вести

Во Велес одбележани 94 години од смртта на Васил Главинов

По повод 94-годишнината од смртта на велешкиот и македонски револуционер и поборник за работнички права, Васил Главинов, делегации на Општина Велес и на Општинското основно училиште, што го носи неговото име, денеска положија букети свежо цвеќе пред неговата спомен биста во дворот на училиштето.

Велес, 24 јануари 2023 (МИА) – По повод 94-годишнината од смртта на велешкиот и македонски револуционер и поборник за работнички права, Васил Главинов, делегации на Општина Велес и на Општинското основно училиште, што го носи неговото име, денеска положија букети свежо цвеќе пред неговата спомен биста во дворот на училиштето.

Главинов е роден во 1869 година во Велес. Тој е еден од првите македонски социјалисти и организатор на работничкото движење во Македонија и поборник за Балканска федерација.

Основач е на првото просветно работничко друштво во Македонија и целата своја дејност ја посветува на работничките права и идеите за социјална и национална слобода.

Во стариот дел на Велес се наоѓа спомен куќата на Главинов, интересна поради нејзината автентична градска архитектура и претставува своевидна атракција за сите посетители на градот. ад/бд/

Таг
Back to top button
Close
Close