Дописници МКДОпштински вести

Во бродско се подготвува терен за изградба на наменска фабрика

Во близина на превојот Барбарс, во месноста „Полце“ во Македонски Брод, се вршат подготвителни работи на теренот, каде во наредните две години ќе никне погон од областа на наменската индустрија, чија изградба ќе биде инвестиција на компанија од Полска. Изградбата на овој погон ќе донесе вработувања на поголем број невработени лица од градот и општината.

Кичево, 13 ноември 2021 (МИА) – Во близина на превојот Барбарс, во месноста „Полце“ во Македонски Брод, се вршат подготвителни работи на теренот, каде во наредните две години ќе никне погон од областа на наменската индустрија, чија изградба ќе биде инвестиција на компанија од Полска. Изградбата на овој погон ќе донесе вработувања на поголем број невработени лица од градот и општината.

– Повеќе од еден месец се вршат подготвителни работи на теренот во месноста „Полце“ крај патот, превој Барбарас – село Крапа. На оваа локација се очекува наскоро да започне изградба на погон од областа на наменската индустрија, поточно ќе се изгради фабрика  за производство на фишеци за пешадиска муниција. Завршувањето на овој капацитет треба да се случи најдоцна за две години, вели Жарко Ристески, градоначалник на општина Македонски Брод.

Најави дека во наредните недела-две се очекува пристигнување на инвеститорите од Полска во земјава, по што ќе се добијат повеќе конкретни информации околу нивните идни планови.

– Во наредните недела-две најавено е пристигнување во земјава на инвеститорите од Полска, по што од прва рака ќе бидеме запознаени со повеќе детали поврзани за овој капацитет. За нас како општина најважно е овој капацитет што побргу да биде пуштен во работа, што ќе овозможи вработување на поголем број невработени лица од градот и општината, со што ќе се намали иселувањето кое последните неколку години зема се поголем замав, додаде Ристески.

Инаку на истата локација, пред четири години, беше најавена американска инвестиција од областа на воената индустрија која не се реализира. за/мс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close