Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во Битола паднаа 10 сантиметри снег, улиците се чистат

Првиот снег во Битола не ги изненади екипите на Јавното комунално претпријатие „Нискоградба“, изјави за МИА директорот Методиј Силјанов.

Битола, 30 ноември 2021 (МИА) – Првиот снег во Битола не ги изненади екипите на Јавното комунално претпријатие „Нискоградба“, изјави за МИА директорот Методиј Силјанов.

Улиците од прв и втор приоритет се исчистени и зимската служба продолжува на терен, потврди Силјанов.

-Силниот снежен бран проследен со ветер траеше околу еден час и притоа на улиците во градот паднаа 10 сантиметри, а на повисоките зони околу 15 сантиметри снег. Подготвени пристапивме кон чистење на снегот со цела механизација и нема пречки во редовниот сообраќај низ градот. Улиците од прв и втор приоритет се исчистени, со мали возила го чистиме Широк Сокак, а се чисти и во околината на градот, посочи Силјанов.

Екипи на ЈП „Комуналец“- Битола ги чистат тротоарите низ градот, а доцна попладне на осојните места и високи делови од градот ќе биде извршена заштита на улиците со песок и ризла, информираа од општинската зимска служба. мт/цр

Таг
Back to top button
Close
Close