Дописници МКДОпштински вести

Во Битола наскоро ќе почне отстранување на хаварисани возила од јавни површини

Советот на Општина Битола изврши измени на одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на општината, со што се создаваат услови за ефикасна реализација на еко-акција, со која ќе се отстрануваат хаварисани возила во градот.

Битола, 31 март 2022 (МИА) – Советот на Општина Битола изврши измени на одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на општината, со што се создаваат услови за ефикасна реализација на еко-акција, со која ќе се отстрануваат хаварисани возила во градот.

Со донесената одлука прецизирана е постапката за отстранување на хаварисани возила и приколки, а воедно дефинирани се оштетени, неисправни, неправилно или непрописно паркирани возила и приколки од јавните и сообраќајните површини на подрачјето на Општина Битола.

Од Општината информираат дека со налог на комунален инспектор ќе може да се врши подигање на хаварисани возила, транспортирање со специјални возила за таа намена и нивно времено сместување во специјално обезбеден простор за нивно чување. Отстранувањето и чувањето на возилата и приколките од јавните површини ќе го врши Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници на Општина Битола.мт/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close