Дописници МКДЛокални избори 2021Политика

Во Битола до 17 часот гласале 45 проценти од вкупниот број избирачи

Општинската изборна комисија во Битола информира дека до 17 часот на Локалните избори гласале 45 проценти од вкупниот број на избирачи во Единствениот избирачки список каде се евидентирани 80.882 граѓани со право на глас.

Битола, 17 октомври 2021 (МИА) – Општинската изборна комисија во Битола информира дека до 17 часот на Локалните избори гласале 45 проценти од вкупниот број на избирачи во Единствениот избирачки список каде се евидентирани 80.882 граѓани со право на глас.

Изборниот процес се реализира на 170 избирачки места во Општина Битола, a на Локалните избори евидентирани се шест кандидати за градоначалник и 14 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.

-До овој момент нема забелешки на изборниот процес, изјави Игор Талевски, претседател на ОИК Битола.мт/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close