Дописници МКДЛокални избори 2021Политика

Во Битола до 11 часот гласале 13 проценти од вкупниот број избирачи

Општинската изборна комисија во Битола информира дека до 11 часот гласале 13 проценти од вкупниот број на избирачи во Единствениот избирачки список во кој се евидентирани 80.882 граѓани со право на глас.

Битола, 17 октомври 2021 (МИА) – Општинската изборна комисија во Битола информира дека до 11 часот гласале 13 проценти од вкупниот број на избирачи во Единствениот избирачки список во кој се евидентирани 80.882 граѓани со право на глас.

Изборниот процес се реализира на 170 избирачки места во Општина Битола, потврди Игор Талевски, претседател на ОИК-Битола.

На Локалните избори во Битола евидентирани се шест кандидати за градоначалник и 14 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола. мт/цр

Таг
Back to top button
Close
Close