Дописници МКДОпштински вести

Во беровско Митрашинци одбележана 77-годишнината од формирањето на 50-та НО Дивизија на НОВ

Во беровското село Митрашинци одбележана 77-годишнината од формирањето на 50-та НО Дивизија на НОВ и ПОМ и 14-тата младинска ударна бригада „Димитар Влахов". Во рамки на свечената церемонија како што информираа организаторите беше оддадена почит на едноминутно молчење во знак на почит на загинатите борци и револуционери.

Берово, 19 септември 2021 (МИА) – Во беровското село Митрашинци одбележана 77-годишнината од формирањето на 50-та НО Дивизија на НОВ и ПОМ и 14-тата младинска ударна бригада „Димитар Влахов”. Во рамки на свечената церемонија како што информираа организаторите беше оддадена почит на едноминутно молчење во знак на почит на загинатите борци и револуционери.

Настанот го организираше Организацијата на резервни офицери за Берово и Пехчево во соработка со институциите на локално ниво.
– На настанот присуствуваа делегации од општествениот и политичкиот живот кои положија цвеќе пред споменикот во село Митрашинци. На одбележувањето се запазени сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, информираа организаторите.
Во краткиот говор прочитан пред присутните, беа потенцирани најзначајните моменти од формирањето на дивизијата и нејзиното дејствување.
-Таа борба заедно со борбениот дух и непокорливоста на разловечките востаници, на кресненските бунтовници, на илинденските идеолози, подоцна вроди со создавање на независна и самостојна држава, истакнаа организаторите во пригодниот говор.вс/фф/

Back to top button
Close
Close