Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во Берово со поддршка на Армијата започна санација на опожарени патни делници во шумските предели

Во Берово во тек се активности за санација на дел од локалните шумски патишта, кои беа оштетени од пожарите што ја зафатија Малешевијата минатата година.

Берово, 3 октомври 2022 (МИА) – Во Берово во тек се активности за санација на дел од локалните шумски патишта, кои беа оштетени од пожарите што ја зафатија Малешевијата минатата година.

Со првата активност, како што информираа од Општината, опфатена е делница во должина од пет километри.

– Активност се реализира во рамки на Цивилно воената соработка на Армијата на Република Македонија, со Општина Берово. Со првата ваква заедничка акктивност се санира  делницата од Државниот пат- Белен-Кукута до Пецов Чукар, информираа од Општина Берово.

Увид во работата на терен извршија градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски и командирот на Територијалната противпожарна единица, Сашко Руменовски.

– Оваа делница која е во должина од 5 километри, се санира со ангажман на две инженерски машини од Армијата. Со санацијата на оваа делница, ќе се овозможи полесен пристап на граѓаните до нивните имоти, полесно движење во шума и олеснување на натамошна изградба на патот, рече Пекевски.

Со вакви активности во наредниот период, како што дополни, ќе бидат опфатени и останати делници кои беа на удар на пожарите, а притоа нанесена им е голема штета. вс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close