Дописници МКДОпштински вести

Во Берово презентиран проектот „Детска патувачка библиотека“

Во Берово беше презентиран проектот „Детска патувачка библиотека“, проект од областа за културата кој има за цел негување на фолклорот и народните музички вредности. Настанот се реализираше во соработка со Домот на културата „Димитар Беровски“ од Берово и Центарот за зачувување и развој на фолклорната музика „Фолконика“.

Берово, 1 октомври 2022 (МИА) – Во Берово беше презентиран проектот „Детска патувачка библиотека“, проект од областа за културата кој има за цел негување на фолклорот и народните музички вредности. Настанот се реализираше во соработка со Домот на културата „Димитар Беровски“ од Берово и Центарот за зачувување и развој на фолклорната музика „Фолконика“.

-Во Берово денес заедно сме повеќе меѓу вакви дечиња кои ги има во голем број, Ова е еден сегмент од нашата фолкклорна библиотека, драго ми е што денес сме во Берово, а наша цел е со дечињата да пееме македонски народни песни. Тоа ќе трае подолго време, се додека имаме пријатели, а имаме многу пријатели кои не поддржуваат и ни помагаат во оваа наша мисија, истакна Душко георгиевски, учесник во настанот.

Инструменталистот Бајса Арифовска, кој е дел од проектот информираа дека во рамки на истиот е изработена и првата музичка сликовница прилагодена за детска возраст.

-Целта на изработката на првата сликовница „Слушан кај шумат шумите” беше да најдеме соодветна песна за детска возраст со родољубив карактер. Бевме во повеќе градови и целта е во секој град да пееме песна од тој крај, така што денес ќе имаме содржини од Малешевијата, додаде Арифовска.

Патувачката фолклорна библиотека претходно реализирала сличен настан и во Крушево, Скопје, Виница и други градови. вс/рп/

Таг
Back to top button
Close
Close