Дописници МКДОпштински вести

Во Берово извршена евалуација на активностите од програмата Ромактед

Во Берово извршена евалуација на активностите кои се реализирани во рамките на програмата Ромактед. За таа цел денес во официјална посета на Берово беше претставникот на Советот на Европа, Хајдрун Ферари, задолжен за мониторинг на активностите од самата програма.

Берово, 25 јануари 2022 (МИА) – Во Берово извршена евалуација на активностите кои се реализирани во рамките на програмата Ромактед. За таа цел денес во официјална посета на Берово беше претставникот на Советот на Европа, Хајдрун Ферари, задолжен за мониторинг на активностите од самата програма.

На средбата која Ферари ја оствари со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, беше потенцирано справувањето со пандемијата од КОВИД-19 и влијанието врз локалната заедница.

– Покрај средбата во мојот кабинет, се одржаа средби и со претставниците на институционалната работна група и локалната акциска група од ромската заедница, на кои се разговараше за реализацијата на Програмата Ромактед и ги договоривме следните чекори, рече Пекевски.

Како дел од евалуацијата на спроведените активности во рамките на Ромактед, беше посочено дека интензивно се работи на исполнување на целите на програмата и можностите за унапредување, согласно потребите на локалната заедница.

Главните активности од програмата Ромактед II се реализираат под мотото „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ 2021-2024, со обезбедени финансии од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа. вс/ки/

Back to top button
Close
Close