Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во Берово акција за чистење на локалниот пат Берово-Струмица

Во Берово денеска се реализира акција за чистење на локалниот пат Берово-Струмица. Целта на акцијата, истакна беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, кој учествуваше во акцијата, е со личен пример да се даде придонес кон чистењето на животната средина.

Берово, 26 септември 2021 (МИА) – Во Берово денеска се реализира акција за чистење на локалниот пат Берово-Струмица. Целта на акцијата, истакна беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, кој учествуваше во акцијата, е со личен пример да се даде придонес кон чистењето на животната средина.

– Овие активности се дел од нашата долгорочна стратегија за чиста околина. Во минатите четири години со посебна гордост можам да истакнам дека е кренато нивото на чистотата на градот на сосема друго ниво со редовно на подигање и справување со комуналниот отпад, рече Пекевски.

Поради ова, како што додаде, уште еднаш се потврдува заложбата за зелено и уредено Берово, како еко град по сите стандарди на чиста животна средина.

– Затоа ќе продолжиме да правиме редовни акции со јавните претпријатија и во делот на чистење на каналите и за чистење на околината во Берово, се со цел да имаме зелен и чист град, кој ќе биде гордост на Беровчани и убава глетка за туристите, додаде Пекевски.

Претходно слична акција се реализираше и кај месноста Којова ливада во Берово. вс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close