Дописници МКДОпштински вести

Воспоставена соработка помеѓу Општина Берово и турската општина Буча

Во Берово се одржа средба за воспоставување соработка помеѓу Општина Берово и турската општина Буча. Средбата како што информираа од Општината е дел од активностите од областа на меѓународна соработка на градоначалникот Звонко Пекевски.

Берово, 11 јануари 2021 (МИА) – Во Берово се одржа средба за воспоставување соработка помеѓу Општина Берово и турската општина Буча. Средбата како што информираа од Општината е дел од активностите од областа на меѓународна соработка на градоначалникот Звонко Пекевски.

-Во таа насока денеска во својот кабинет, Пекевски оствари средба со претставници од Буча, Република Турција. На средбата произлезе плодна дискусија, за збратимување на општина Берово со оваа општина во Република Турција, за продлабочување на соработката меѓу двете држави, како и остварување соработка и размена на мислења и идеи во областа на културата, информираа од Општината.

Претставниците од Буча, Република Турција посочија дека се отворени за соработка, особено во областа на културата, преку ученичка размена и нивно учество на културни настани во двете земји.

Заблагодарувајќи се за интересот за соработката, беровскиот градоначалник Пекевски истакна благодарност изрази надеж дека истата ќе резултира со успешно збратимување на двете општини и соработка во повеќе области. Додаде дека почнувањето заедничка соработка како и воспоставувањето на цврсти врски помеѓу општина Берово и општина Буча, ќе даде двостран придонес за меѓусебно запознавање, како и зближување и остварување на заеднички интереси на граѓаните од двете општини. вс/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close