Општински вестиСкопје

Волонтерска акција во Кисела Вода по повод Меѓународниот ден на волонтерите

Општина Кисела Вода, Волонтерски Центар Скопје и „За почиста Македонија“ започнаа со волонтерска акција за чистење на Расадник и обезбедување на донации за социјално загрозените лица, во рамки на одбележувањето на 5 декември - Меѓународен ден на волонтерите, информира Општина Кисела Вода.

Скопје, 5 декември 2021 (МИА) – Општина Кисела Вода, Волонтерски Центар Скопје и „За почиста Македонија“ започнаа со волонтерска акција за чистење на Расадник и обезбедување на донации за социјално загрозените лица, во рамки на одбележувањето на 5 декември – Меѓународен ден на волонтерите, информира Општина Кисела Вода.

Во соопштението се наведува дека градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиески предал донација за Центарот за деца од улица и за социјално загрозените семејства од Кисела Вода, по што, од Домот на култура-Кино Кисела Вода, заедно со волонтерите се упатил во Расадник и учествувал во големата акција за чистење на овој запуштен дел од  општината.

-Во знак на поддршка на волонтерството како важен акт кон подобро општество, Општина Кисела Вода се вклучи во организирање на денешниот настан кој има социјална и еколошка компонента. Дониравме, но и ги повикавме сите наши жители да бидат дел од акцијата за донирање на социјално загрозените од овој дел на градот, да ја покажат својата хуманост кон оние што имаат помалку. Паралелно сме вклучени во акцијата за чистење. Во општина Кисела Вода веќе неколку седмици тече големата акција за генерално чистење во сите месни и урбани заедници, но денес ги повикавме и жителите, нашите соседи, да излезат на терен заедно со службите и заеднички да го исчистиме Расадник. Благодарни сме на сите оние што се одзваа на повикот и што дадоа свој придонес во поттикнување на свеста за волонтерството, хуманоста и екологијата, изјави Ѓорѓиевски.

Back to top button
Close
Close