Дописници МКДЛокални избори 2021

Водоводна и атмосферска канализација, проекти и поддршка за ранливите категории во Куманово, вети кандидатот Илиевски

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски, на денешната прес-конференција и средба со жителите од „Никола Тесла“ вети реконструкција на водоводната мрежа и решавање на атмосферската канализација во ова населено место.

Куманово, 23 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски, на денешната прес-конференција и средба со жителите од „Никола Тесла“ вети реконструкција на водоводната мрежа и решавање на атмосферската канализација во ова населено место.

Илиевски истакна дека во 21 век не смее да се зборува за водовод, канализација и неасфалтирани улици.

– Во нашата програма – „Најдоброто за Куманово“ има проект кој ќе се реализира во наредните четири години, изградба на кејот на река Којнарка од Средорек до училиштето „Киро Бурназ“, рече Илиевски.

Покрај проектите за ова населено место, Илиевски најави и проекти за други места и села во кумановско во однос на решавање на проблемите со вододвод и канализациски мрежи во Романовце, Агино Село, Умин Дол, Љубодраг, Ново Село, Биљановце и други села.

– Прв приоритет е подобар општествен живот за сите, за младите, пензионерите, ранливите категории-лицата со попреченост. Нашата програмска определба е обезбедување на повисоко ниво на поддршка од страна на општината. Мора да имаме детско, мултифункционално и катче за пензионери во секоја населба. Поддршката на лицата со попреченост е во насока на рушење на комуникациските и физички бариери, преку организирање на разни проекти од областа на спортот, уметноста, културата, рече Илиевски.

Тој најави изградба на адаптирани спортски училишта, на пристапни рампи во клучни институции, дел од инфраструктурата во градот.

– Знаеме како, умееме како и ќе се грижиме за сите жители на Куманово, затоа ја бараме вашата поддршка да ги продолжиме успешните политики на централната власт на локално ниво. Да завршиме со проекти кои значат основни потреби на граѓаните и да се насочиме кон проекти кои значат подобар, поквалитетен, поубав живот за кумановци, посочи Илиевски. ам/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close