Општински вестиСкопје

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од Секторот за санитарна контрола од 39 мерни места во градот.

Скопје, 6 јуни 2022 (МИА) – Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од Секторот за санитарна контрола од 39 мерни места во градот.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 30 мај до 3 јуни се земени 183 примероци за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа на вода за пиење.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во денешното соопштение на „Водовод и канализација“.фф/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close