Општински вестиСкопје

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за микробиолошка анализа земени од 49 мерни места во градот.

Скопје, 17 мај 2022 (МИА) – Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за микробиолошка анализа земени од 49 мерни места во градот.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека во периодот од 9 до 13 мај земени се 193
примероци за физичко-хемиска и 193 примероци за микробиолошка анализа на вода за
пиење.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на
Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.бт/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close