СпортФудбал

ВМФЛ: Женска судиска четворка во Кратово

Натпреварот помеѓу Силекс и Тетекс во рамките на 14. коло од Втората машка фудбалска лига е доверен на нашата женска интернационална судиска четворка.

Скопје, 7 декември 2021 (МИА) – Натпреварот помеѓу Силекс и Тетекс во рамки на 14. коло од Втората машка фудбалска лига е доверен на нашата женска интернационална судиска четворка.

Во центарот на стадионот во Кратово денеска од 13 часот ќе биде главната судијка Ивана Пројковска.

Во делењето на правдата, на Пројковска ќе ѝ помагаат Вјолца Изеири и Елена Соклеска Илиевски, додека, четврт судија на натпреварот ќе биде Ирена Велевачкоска.

Оваа судиска четворка редовно ја гледаме на меѓународната фудбалска сцена. Денешниот натпревар претставува прв натпревар од повисок ранг за нив како четворка во оваа сезона.

ВМФЛ – ЗАПАД – 14. КОЛО

Силекс – Тетекс

Охрид – Гостивар

Кадино – Кораби

Беса – Вардар

Велешта – Воска Спорт

 

ВМФЛ – ИСТОК – 14.КОЛО

Братство – ТИМ Локомотива

Осогово – Победа

Слога (В) – Детонит

Саса – Беласица

Кожуф – Кит Го

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close