Локални избори 2021Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Широк опозициски фронт и масовна излезност во вториот круг

Скопје, 20 октомври 2021

ВМРО-ДПМНЕ повикува на широк опозициски фронт и масовна излезност во вториот круг против власта.

Коалицијата за „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на во првиот круг од локалните избори освои над 55.000 гласа повеќе од СДСМ и нивната коалиција гледано по освоени гласови на советничките листи.

Граѓаните во огромен број се определија за промени.

Народот покажа дека сака да го смени мрачното сивило. Прогресот за СДСМ е криминал и корупција во институциите и општеството, тендери за блиските околу Заев.

Народот јасно даде глас против власта и постои силно антивладино расположение. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите партии од опозицијата и леви и центар и десни да се обединиме и да излеземе масовно во вториот круг на 31 октомври, за да ја запечатиме желбата на огромното мнозинство граѓани кои сакаат промени и поубава иднина.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close