Локални избори 2021Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо проекти, нуди црна кампања

СДСМ наместо проекти нуди црна кампања, тоа е доказ дека се во паника и ќе загубат. СДСМ нема проекти, нема понуда, една недела СДСМ води црна кампања, со лаги и клевети.

Скопје, 28 октомври 2021
 
СДСМ наместо проекти нуди црна кампања, тоа е доказ дека се во паника и ќе загубат.
 
СДСМ нема проекти, нема понуда, една недела СДСМ води црна кампања, со лаги и клевети.
 
Со СДСМ граѓаните добиваат само деструктивност, поделби и сиромаштија.
 
За да продолжат да крадат СДСМ и ДУИ со леснотија си играат со огнот на етничките тензии, сакајќи да предизвикаат конфликт. 
 
Во моментов најголем непријател на етничките односи е Зоран Заев и неговиот партнер ДУИ, затоа што така си го штитат криминалот, сложно крадат од тендери додека пред камерите глумат загрижени политичари за мултиетничката демократија. 
 
И Албанците, исто како и Македонците живеат подеднакво лошо и сите заедно ја напуштаат државата поради таквите како Заев и Ахмети. 
 
И за да продолжат да крадат, ќе лажат, ќе измислуваат и ќе сеат омраза. Тие не сакаат сплотеност, зошто така тие нема да се важни.
 
Времето на криминал заврши. Време е за промени, за победи, за проекти.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close