Општински вестиСкопје

Вкупно 998 пријави на електронската адреса за комуникација со граѓаните на Град Скопје

На електронската адреса за комуникација со граѓаните на Град Скопје досега се пристигнати 998 барања, од кои решени се 873 проблеми.

Скопје, 7 февруари 2022 (МИА) – На електронската адреса за комуникација со граѓаните на Град Скопје досега се пристигнати 998 барања, од кои решени се 873 проблеми.

Како што информираат од Град Скопје, најголемиот број граѓани на меилот пријавиле локации на кои се создаваат диви депонии, се интересирале за процедурите за сечење суви дрвја, побарале поставување семафори, сообраќајни знаци или столпчиња за да се спречи непрописното паркирање на јавните површини, а има голем број предлози и за подобрување на јавниот превоз.

-На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат проблеми од областа на урбаното живеење, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа, велат од Град Скопје.

Целта на проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани.свс/са/

Таг
Back to top button
Close
Close