Дописници МКДЛокални избори 2021Општински вести

Виктор Паунов ја презеде функцијата градоначалник на Општина Карбинци

Виктор Паунов од денеска е новиот градоначалник на Општина Карбинци. Поранешниот градоначалник Јордан Насев денеска му ја предаде функцијата на новоизбраниот градоначалник на општината.

Штип, 27 октомври 2021 (МИА) – Виктор Паунов од денеска е новиот градоначалник на Општина Карбинци. Поранешниот градоначалник Јордан Насев денеска му ја предаде функцијата на новоизбраниот градоначалник на општината.

Насев истакна дека општината ја остава во одлична финансиска состојба, со салдо од околу 20 милиони денари, а на ненаменската сметка во износ од 11 милиони денари.

– Предадени се 18 проекти од инфраструктурата со потполно изготвена техничка документација, со вкупна вредност од 349.578.990 денари. Дел од овие проекти се во тек на реализација. Техничка документација за проекти со вкупна инвестициона вредност од 930.250.335 денари. На новоизбраниот градоначалник му посакувам успешна и плодна работа и реализација на проектите за подобрување на квалитетот на живот на сите жители на Општина Карбинци, вели Насев.

Тој им го чиститаше изборите и на новите советници во Советот на Општина Карбинци. вдј/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close