Дописници МКДОпштински вести

Викендов ќе се одржи најавената акција за чистење на Калиманско Езеро

Во Македонска Каменица утре и задутре ќе се одржи најавената акција за чистење на Калиманско Езеро. За учество во акцијата, како што информираше организаторот Александар Дончевски, пријавени се повеќе невладини организации, здруженија на граѓани, институции, поединци и и волонтери, кои сакаат да дадат свој придонес во расчистувањето на пластичниот отпад кој е наталожен во езерото Калиманци, по поплавите кои минатиот месец го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион.

Македонска Каменица, 14 јануари 2022 (МИА) – Во Македонска Каменица утре и задутре ќе се одржи најавената акција за чистење на Калиманско Езеро. За учество во акцијата, како што информираше организаторот Александар Дончевски, пријавени се повеќе невладини организации, здруженија на граѓани, институции, поединци и и волонтери, кои сакаат да дадат свој придонес во расчистувањето на пластичниот отпад кој е наталожен во езерото Калиманци, по поплавите кои минатиот месец го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион.

-За успешна реализација на акцијата се јавија повеќе општествено-одоворни компании од Делчево, Македонска Каменица и Виница кои донираа реквизити. Учество потврдија и градоначалниците на Делчево и Македонска Каменица. Со нив се договоривме да ја следиме тековно состојбата на акумулацијата Калиманци и да реагираме кога има потреба, да не остане сè на оваа акција, како и истите да преземат поголема одговорност за подигање на свеста за дивите депонии во овие два града, рече Дончевски.

Свое учество на акцијата, како што потврди, најавиле и пожарникари од Делчево, Македонска Каменица и Кочани.

-Останува отворен повикот и за волонтери кои ќе бидат платени од наша страна. Се слушнавме и со претседателот на Спортско-риболовното друштво Шаран, кои ни обезбедија чамец и се обврзаа да земат активно учество во акцијата во недела, додаде Дончевски.

Акцијата е предвидено да започне утре во 9 часот, а сите кои имаат желба да помогнат тоа можат да го направат со пријавување на телефонскиот број 071/373-263, на кој, како што дополни организаторот, ќе бидат информирани за сите детали околу спроведувањето на акцијата за чистење на Калиманско езеро. вс/рп/

Back to top button
Close
Close