Дописници МКДОпштество

Викендов петто ноќно искачување до врвот Љуботен

Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово за во недела по петти пат го организира ноќното искачување до врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина каде ќе се дочека изгрејсонцето. Минатата година поради пандемијата овој настан не беше организиран.

Тетово, 23 септември 2021 (МИА )Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово за во недела по петти пат го организира ноќното искачување до врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина каде ќе се дочека изгрејсонцето. Минатата година поради пандемијата овој настан не беше организиран.

– Љуботен е врвот со кој започнува Шар Планина, висок е 2.499 метри и од него (кога ќе ви дозволи) се пружа поглед на целото Косовско поле, Скопската котлина и целиот Полог од три страни и остатокот од Шарпланинскиот масив на четвртата страна. Импресивно е преку ден, ама просто е магично кога ноќе ќе се качите на самиот врв и ги гледате сите улични, индустриски и домашни светилки, кога можете да ги видите сите автомобили и други возила кои патуваат во раните утрински часови како во градовите, така и по патиштата осветлени и неосветлени помеѓу населените места. Луѓето од Скопје, Тетово и останатите околни места дури можат и да си го видат домот од горе. А самото изгрејсонце не може да се опише со зборови, кога сонцето изгрева таму некаде позади Стара Планина и Рила може само да се почувствува, не и да се опише, велат организаторите од планинарскиот клуб „Јелак“.

Самиот настан почнува на 25 септември со собирање на учесниците на градскиот плоштад во Тетово, па се оди кон Старо Село. После собирот на сите учесници во 19 часот се тргнува кон Вила Љуботен (1.650 мнв), која е база за понатамошното качување. Таму е предвиден поголем одмор, а походот на самиот врв е со тргнување околу 01:30-02:00 часот. Проценките се на самиот врв да се стигне околу 04:00 – 04:30 часот со цел да се дочека изгревањето на сонцето.ас/фф/

Back to top button
Close
Close