0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВременска прогнозаИнфопакет

Ветровито и студено до -12

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната ќе достигне од -4 до 4 степени.

Скопје, 22 јануари 2022 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната ќе достигне од -4 до 4 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста повремено ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 2 степени.

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови. Кон крајот на работната седмица температурата благо ќе се зголеми.

Back to top button
Close
Close