Локални избори 2021Политички партии

Весковски: Со одлука на Владата стопирана изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ, Душко Весковски денеска истакна дека со одлука на Владата стопирана е изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци.

Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ, Душко Весковски денеска истакна дека со одлука на Владата стопирана е изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци.

– Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место. Ова доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот. Граѓаните имаа оправдани дилеми поради што неколку пати за ова се обраќаат до централните институции, Општина Карпош и до меѓународната заедница, рече Весковски.

Во директна комуникација со граѓаните на Бардовци, посочи, Владата ги уважува нивните аргументи и во транспарентна постапка ќе бара нова локација надвор од населено место со цел реализација на овој важен проект. рп/сп/

Back to top button
Close
Close