Локални избори 2021Политички партии

Весковски: Во Карпош секој е важен

Во Карпош СЕКОЈ Е ВАЖЕН

Скопје, 28 октомври 2021 

Во Карпош СЕКОЈ Е ВАЖЕН

Ние ќе се фокусираме на секој индивидуален граѓанин и целни групи на граѓани во нашата општина.

Младите се нашата иднина – Отвораме нов Младински центар, Креираме локална младинска стратегија, отвораме Канцеларија за млади, буџет за млади, субвенционираме еколошки превоз за млади, електронски уреди, Карпош ФИТ, стипендии за најдобрите ученици и поддршка на практичната работа, стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства.

Деца од предучилишна и училишна возраст – преку обезбедување и одржување здрава средина за раст, развој, отвораме можности за образование во современо опремени училишта и нивна подготовка за продолжување на средното образование според сопствен избор, квалитети и афинитети.

Родова еднаквост – доследна примена на државните политики за родова еднаквост и верификација и признавање на квалитетите, заложбите и успесите на жените во Општина Карпош, преку формирање на Совет на жени и поддршка на жените од ризични групи, особено олеснување на секојдневниот живот на самохраните мајки со изготвување и спроведување проекти во соработка со НВО што се занимаваат со оваа проблематика.

Лица во социјален ризик и лица со попреченост – обезбедуваме поддршка и помош за овие лица, во соработка со државните институции, Црвениот крст, невладини организации и други засегнати страни. Создаваме услови за Карпош да биде најинклузивната општина во Скопје и пошироко, како и можности за нивна интеграција и социјализација во сите општествени процеси.

Пензионерите, ветераните во нашата општина – создаваме Форум на пензионери за редовна комуникација со цел, дел од нивното драгоцено искуство да се примени во креирањето на политиките што ќе ги спроведува Општината.

Културни и просветни работници – обезбедуваме постојана финансиска поддршка на наставниците, за обезбедување нагледни материјали и дигитални алатки, за учество на обуки и семинари, за подготвување и поднесување апликации за грантови за реализација на проекти за унапредување на образовниот процес. А за културните работници кои се нашиот прозорец кон светот, креаторите на трајни вредности ќе формираме Општинскиот центар на културата.

Претприемачи и бизнис-сектор – мотото кое ја води оваа активност е „Бизнис од Карпош, за Карпош“, обезбедуваме широка платформа за поддршка на претприемачите и бизнис-секторот во Општината и нивно партнерско вклучување во креирањето и спроведувањето на нашите политики. Формираме Деловен развоен центар.

Карпош може, Карпош мора да оди напред преку реализација на граѓанскиот концепт, на проевропскиот концепт со нови лица, нова енергија и нови политики.

Кандидат за градоначалник на Карпош на коалицијата предводена од СДСМ Душко Весковски

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close