0_Инфопакет.ПорталИнфопакетСервисни информацииСкопје

„Веро Џамбо“ и неколку околни улици утре без вода

Центарот за управување со кризи по известување на ЈП Водовод и канализација – Скопје, соопшти дека поради изведување водоводен приклучок на Булевар Кочо Рацин бр. 3, Веро Џамбо и неколку улици во текот на утрешниот ден ќе имаат прекин на водоснабдување.

Скопје, 19 мај 2022 (МИА) – Центарот за управување со кризи по известување на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, соопшти дека поради изведување водоводен приклучок на булевар „Кочо Рацин“ бр 3, објактот „Веро Џамбо“ и неколку околни улици во текот на утрешниот ден ќе имаат прекин на водоснабдување.

– Од ЈП „Водовод и Канализација“ добивме известување дека на ден 20.05.2022 година (петок) поради изведување водоводен приклучок Ф 150 милиметри на булевар „Кочо Рацин“  број 3 прекинато водоснабдување ќе има дел од булеварот „Кочо Рацин“, улиците „Светозар Марковиќ“ и „Крушевска Република“ и „Веро Џамбо“, се вели во соопштението.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08.30 часот о ќе трае до завршување на работите. сх/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close