Дописници МКДОпштински вести

Велосипедска тура „Пехчево на точак“

Во организација на група ентузијасти денеска во Пехчево се одржа велосипедската тура „Пехчево на точак“. Турата како што информира еден од организаторите Александар Бојчевски, се реализираше во должина од 33 километри со учество на вљубеници во велосипедиизмот од Пехчево и околните градови.

Пехчево, 25 јуни 2022 (МИА) – Во организација на група ентузијасти денеска во Пехчево се одржа велосипедската тура „Пехчево на точак“. Турата како што информира еден од организаторите Александар Бојчевски, се реализираше во должина од 33 километри со учество на вљубеници во велосипедиизмот од Пехчево и околните градови.

-Со учество на дваесетина велосипедисти и неколкумина на мотори и годинава ја продолживме традицијата на промоција на планински велосипедизам низ пределот на Малешевијата во делот на Општина Пехчево. Патеката која е класифицирана како средно тешка беше долга 33 километри со 900 метри висинска разлика. Истата поминуваше низ прекрасни предели на задоволство на љубителите на велосипедизмот, рече Бојчевски.

Организацијата како што додаде беше поддржана од општина Пехчево.

-Благодарност до Општина Пехчево за обезбеденото возило за техничка поддршка и медицинско лице, до Хотел Гогов, како и до сите ентузијасти кои со голема љубов кон велосипедизмот, спортот, природата и Пехчево и неговите убавини допринесоа оваа трка да се реализира, додаде Бојчевски.

Организаторите најавија дека традицијата на одржување на турата ќе продолжи и во наредните години. вс/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close