0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Велешкото Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености со неколку награди на Меморијалниот турнир „Тодор Коларов“ во Белград

Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес, беа дел од спортските игри - традиционален Меморијален турнир „Тодор Коларов“ организирани од Сојузот на спортови на инвалидите на град Белград (ССОСИБ), во чест на велешанецот Тодор Коларов. Коларов е роден 1917 година во Велес, а долги работел и творел во Белград, и е основоположник на спортските игри за лицата со попреченост во Република Србија, изјави за МИА, Далиборка Златева претседател на велешкото Здружение.

Велес, 20 ноември 2022 (МИА) – Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес, беа дел од спортските игри – традиционален Меморијален турнир „Тодор Коларов“ организиран од Сојузот на спортови на инвалидите на град Белград (ССОСИБ), во чест на велешанецот Тодор Коларов. Коларов е роден 1917 година во Велес, а долги работел и творел во Белград, и е основоположник на спортските игри за лицата со попреченост во Република Србија, изјави за МИА, Далиборка Златева претседател на велешкото Здружение.
Таа појаснува дека членовите на ова здружение учествувале на натпреварите во неколку дисциплини и освоиле неколку награди. Јордан Андов освоил прво место во пикадо, Ангел Станкоски, прво место фудбал/ шутирање на гол, Бубе Дуков, второ место фудбал/шутирање на гол. Во играта Бочија освоиле второ место како тим.
-Ние веќе неколку години учествуваме и сме благодарни на Белградскиот Сојуз на спортови на лица со инвалидет што не кани за учество на овој меморијален тирнир. Истиот е во чест на нашиот сограѓанин Тодор Коларов кој живеел и работел во Белград и им помагал на овие лица и тие да се натпреваруваат и  учествуваат во спортски игри, и да докажуваат дека се подеднакво добри спортисти како и останатите спортисти. Со овие спортски игри нашите членови потврдуваат дека се меѓу најдобрите млади спортисти  во оваа категорија на спортисти од нашата земја, потенцира Златева.
Таа посочи дека планираат за догодина во Велес и тие да организираат и да бидат домаќини на меѓународни спортски игри за овие лица. ад/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close