Дописници МКДКултураОпштински вести

Велешката библиотека „Гоце Делчев“ распиша литературен конкурс по повод 150 години од раѓањето на Делчев

По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, локалната библиотека во Велес објави награден конкурс на тема „Пред Споменикот на Делчев“.

Велес, 25 јануари 2022 (МИА) – По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, локалната библиотека во Велес објави награден конкурс на тема „Пред Споменикот на Делчев“.

-Право на учество имаат сите граѓани на општина Велес. Поезијата треба да има до 25 стиха, напишана со фонт Ариел 11 и проред 1,5, додека прозата треба да има од 350 до 500 зборови со истиот фонт и проред, велат од библиотеката.

Конкурсот ќе трае до 14 февруари 2022 година, а резултатите ќе бидат објавени на 21 февруари.

Творбите можат да се испратат на електронската пошта contact@bibliotekaveles.org.mk или да се достават лично во просториите на локалната библиотека. ад/ки/

Back to top button
Close
Close