Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Велес прва општина во државата со дигитална градска платформа на услуги

Со поддршката на ЕУ, Велес стана првата општина во државата која се вброи меѓу градовите во Европа и светот кои имаат дигитална градска платформа на услуги. Градската платформа позната како „Градоначалничка табла“ овозможува контрола на услугите со помош на информатичката технологија.

Велес, 22 септември 2021 (МИА) – Со поддршката на ЕУ, Велес стана првата општина во државата која се вброи меѓу градовите во Европа и светот кои имаат дигитална градска платформа на услуги. Градската платформа позната како „Градоначалничка табла“ овозможува контрола на услугите со помош на информатичката технологија.

Тоде Боцевски во име на компаниите „А1“ и „Геонет“, денеска, на градоначалникот Аце Коцевски му ја презентираше апликацијата за паметно управување со паркинзите, отпадот, издавањето на велосипеди, паметните клупи и осветлување обезбедени со проектот „СМАРТ езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција во Македонија“.

Како што информираат од Општина Велес, апликацијата им овозможува на тимовите во општината и јавните претпријатија како и на корисниците на услугите од едно место да ја следат состојбата со слободни паркинг места покрај езерото Младост, степенот на искористеност на паметните клупи на кои корисниците можат да полнат мобилни уреди, споделувањето на електричните велосипеди и паметното осветлување.

Инаку, системот овозможува користење на апликацијата и на мобилен телефон.

Подпроектот „Смарт езеро Младост“ е финасиран од ЕУ,  раководен од Единицата за спроведување на Проектот за локална и регионална конкурентност под надлежност на Вицепремиерот за економски прашања и спроведуван според протоколите на Светска Банка.

Од Општина Велес потенцираат дека дигиталната платформа на услуги претставува директна имплементација на Европската дигитална агенда на локално ниво. ад/вг/

Back to top button
Close
Close