0_Спорт.ПорталФудбал

Ван де Бек ги одбил услугите на Мино Рајола

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Дони ван де Бек, одбил да соработува со агентот Мино Рајола, пишува „Дејли експрес“.

Манчестер, 27 октомври 2021 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Дони ван де Бек, одбил да соработува со агентот Мино Рајола, пишува „Дејли експрес“.

Според изворот, Рајола му понудил на 24-годишниот Холанѓанец да помогне во заминувањето од сегашниот клуб, но играчот одбил.

Ван де Бек моментално го претставува „HCM Sports Management“, кој исто така работи со поранешниот партнер на фудбалерот во Ајакс, Френки де Јонг.

На 26 октомври беше објавено дека Ван де Бек сака да смени агент за да го забрза трансферот од Манчестер јунајтед. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close