
Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) – Со церемонијален пречек пред Владата и со високи државни и воени почести започна официјалната посета на државава на бугарската делегација предводена од премиерот Кирил Петков.
Петков е придружуван од Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија и бугарските министри за надворешни работи и за транспорт и врски, Теодора Генчовска и Николај Сабев.
Делегацијата ја пречекаа премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министрите за надворешни работи и за транспорт и врски, Бујар Османи и Благој Бочварски, како и членови на Канцеларијата на претседателот на Владата и на Министерството за надворешни работи.
На аеродромот во Скопје владината делегација на Република Бугарија беше пречекана од министерот за надворешни работи Бујар Османи.