Балкан

Бугарија: Пазарот на трудот останува стабилен и продолжува да го одржува историски најниското ниво на невработеност

Во врска со зачестените пишувања во медиумите дека „над четвртина милион Бугари се без работа“, од Агенцијата за вработување информираат дека оваа констатација не соодветствува со фактичката состојба на пазарот на трудот, кој останува стабилен и продолжува да го одржува историски најниско ниво на невработеност во Бугарија - 4,7 отсто во октомври, соопшти прес-центарот на Министерството, јави БТА.

Софија, 26 ноември 2021 (МИА/БТА) – Во врска со зачестените пишувања во медиумите дека „над четвртина милион Бугари се без работа“, од Агенцијата за вработување информираат дека оваа констатација не соодветствува со фактичката состојба на пазарот на трудот, кој останува стабилен и продолжува да го одржува историски најниско ниво на невработеност во Бугарија – 4,7 отсто во октомври, соопшти прес-центарот на Министерството, јави БТА. Заклучно со 25 ноември, бројот на евидентирани невработени во канцелариите за труд е 158.496. За споредба, истиот ден пред една година биле регистрирани вкупно 219.723 невработени. Намалување има на годишно ниво кое изнесува 61.227 лица или – 27,9 отсто. Во 2020-2021 година, бројот на регистрирани невработени е над 250.000 само во периодот на целосно заклучување во месеците април – јули 2020 година, со најголема вредност постигната во мај 2020 година и изнесува 295.453.

По укинувње на мерките за локдаун во државата, нивоата на регистрираните бневработени се вратија до нормалните вредности – 158.000 – 160.000 во септември 2020 година. Оттогаш постои релативна стабилност на пазарот на трудот, на нивниот број влијаат само нормалните сезонски движења како резултат на општите економски услови во државата, прецизираат од Агенцијата за вработување.

Во 2021 година, најголемата вредност на регистрираните невработени има во јануари – 229.750, што е одраз на сезонскиот карактер на пазарот на труд во Бугарија. Од февруари до ноември има континуиран и постепен пад на бројот на регистрирани невработени, што е показател за економското закрепнување по првичниот шок од кризата со Ковид-19. И денеска, и покрај уште еден пандемски бран, стапката на невработеност, која се мери на месечно ниво, е една од најниските вредности во постоењето на статистиката на Агенцијата за вработување. Агенцијата не добила никакви информации за значителни масовни отпуштања во последните месеци, вкл. и во ноември. Досегашните податоци не ги прикажуваат стресните ситуации на пазарот на трудот, и покрај следниот бран со Ковид-19 и сегашните рестриктивни мерки, додаваат од Министерството.

Back to top button
Close
Close