0_Спорт.ПорталОстанатоСпортСпорт.Слајдер

Британското Гран при прекинато со црвени знамиња по тежок инцидент на стартот

Почетокот на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Велика Британија го одбележа тежок инцидент.

Силверстоун, 3 јули 2022 (МИА) – Почетокот на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Велика Британија го одбележа тежок инцидент.

Во верижен судар оштетени се болидите на Естебан Окон (Алпин), Џорџ Расел (Мерцедес), Јуки Цунода (Алфа Таури) и Гуанју Џоу (Алфа Ромео).

Згора на тоа, најмногу настрада пилотот на Алфа Ромео, чиј автомобил се преврте. Трката веднаш беше прекината со црвени знамиња и болидите беа испратени во боксот.

Албон и Џоу се пренесени во медицинскиот центар и се очекуваат информации за нивната состојба.

Засега не се знае колку ќе трае прекинот и колку од болидите ќе се појават на новиот старт. зс

Таг
Back to top button
Close
Close