Дописници МКДОпштински вести

Бојан Милошевски го фати крстот во тетовско Милетино

Во тетовско Милетино светиот крст на традиционалното празнување на Богојавление - Водици го фати 20-годишниот Бојан Милошевски. Покрај него, по светиот крст скокаа уште двајца млади верници Александар Ристовски и Мартин Анѓелковски.

Тетово, 19 јануари 2022 (МИА) – Во тетовско Милетино светиот крст на традиционалното празнување на Богојавление – Водици го фати 20-годишниот Бојан Милошевски. Покрај него, по светиот крст скокаа уште двајца млади верници Александар Ристовски и Мартин Анѓелковски.

– Празнична литургија, водосвет и чинот на спуштање на светиот крст во базенот во црквата Света Богородица во Милетино ги изврши парохискиот свештеник отец Ненад Ѓорѓески, информираа од црковниот одбор.

Црковниот одбор го даруваше верникот Бојан Милошевски.ас/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close