0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталБизнис.СлајдерМакедонија.СлајдерОпштествоОпштински вести

Бочварски: Се работи на постојните свлечишта на автопатот Штип-Миладиновци

Се работи на постоечките одрони на автопатот Штип-Миладиновци, но Министерството за транспорт и врски заедно со професорите од Градежниот факултет работат и како да се испитаат и стабилизираат одредени косини на овој автопатс, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во Штип.

Штип, 23 јуни 2022 (МИА)  – Се работи на постоечките одрони на автопатот Штип-Миладиновци, но Министерството за транспорт и врски заедно со професорите од Градежниот факултет работат и како да се испитаат и стабилизираат одредени косини на овој автопатс, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во Штип.

-Очекуваме и одредени свлечишта и во наредниот период. Така што, мора да работиме на сите овие постапки и очекувам дека овој автопат комплетно ќе биде пуштен во употреба и ќе го добие својот сјај, секако за граѓаните и за развојот на економијата, вели Бочварски.

Санацијата на свлечиштата на автопатот Штип Миладиновци чинат околу 750.000 евра.

Што се однесува за методологијата или цената на патарините може да биде една или друга, но средствата се потребни за модерни и безбедни автопати и одржување на истите, потенцираше министерот Бочварски од Штип. Според него, дискусијата секогаш е отворена, но на крајот државата ќе ја донесе одлуката.

-Ние можеме да разговараме за различни методологии, можности за една или друга цена на патарините, но на крајот секако треба да знаеме дека за да имаме модерни и безбедни патишта за да може да градиме нови патишта и да имаме изградба на автопати со должина од преку 120 километри, коишто ги најавуваме, секако, треба овде и тие патишта да се одржуваат и заради тоа дискусијата на темата е секогаш отворена. Може да се направи дискусија, методологија од страна на стручните лица, но на крајот на денот сепак државата ќе носи одлуки коишто ќе бидат во интерес на граѓаните, истакна Бочварски.

Единствениот електронскиот систем на наплата за кој се разговараше и на последниот самит „Отворен Балкан“ во Охрид, пак, треба да стапи во сила во август. Според Бочварски, директорите на ЈП за државни патишта од земјите во регионот веќе работат на координација и усогласување на системот.

-Електронскиот систем на наплата на патарини е воведен пред десетина години како концепт и веќе се изреконструирани сите патарини на Коридорот 10 од границата со Србија до излезот кон Грција. Тоа значи дека концептот на оваа држава е утврден од поодамна за наплата на патната такса. Несериозно е на две, три или четири години да се менуваат концептите, заради тоа што и за тие објекти коишто се изградени по самите патишта се вложени средства. Електронската наплата на патарини нуди можност и за плаќање на патарина без застанување со постоечките ТАГ-ови коишто ги имаме, а работиме и на поврзување со соседите за да може да немаме застој по патиштата за да може да бидат заеднички поврзани со земјите во регионот“, додаде Бочварски.

На овој начин возачите ќе ја плаќаат патарината преку ТАГ уред и тоа во сите три земји без застанување. Иницијативата подразбира и патарината со оваа ознака да биде за 5% поевтина во овие земји, а истата треба да го намали метежот и да го олесни протокот на возила на наплатните станици. вдј/лв/

 

 

Back to top button
Close
Close