0_Спорт.ПорталКошаркаСпортСпорт.Слајдер

Бостон го победи Мајами и изедначи во источното финале во НБА

Бостон ноќеска на свој терен го совлада Мајами со 102:82 во четвртиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА-лигата.

Бостон, 24 мај 2022 (МИА) – Бостон ноќеска на свој терен го совлада Мајами со 102:82 во четвртиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА-лигата.

Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикс до триумфот со 31 поен и осум скока и пет асистенции. Кај гостите најефикасен беше Виктор Оладипо – 23 поени, при тоа додаде и четири скока и шест асистенции.

По оваа победа Бостон го израмни резултатот на 2:2 во серијата прв до четири.

Следниот натпревар ќе се одигра во „Американ Ерлајнс Арена“ во Мајами на 26 мај.

Во финалето на Западот, Голден стејт води против Далас со 3:0 и само една победа го дели од големото финале. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close